Советот во обид да ги пополни испразнетите обвинителства

by fokus 10:54
10:54

Советот на јавни обвинители за денеска закажа седница на којашто треба да бидат избрани 19 обвинители во неколку обвинителства низ Македонија, кои со години кубурат со кадри.

Според дневниот ред којшто е објавен на веб страницата на Советот, ќе биде донесена одлука за избор на јавни обвинители во Скопје, Струга, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Свети Николе, Куманово, Ресен, Берово, Тетово и Кичево.

- Advertising -

Најмногу обвинители, осум, ќе бидат избрани во скопското обвинителство, по еден во Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Свети Николе, Куманово, Ресен и Берово, а по двајца обвинители во Тетово и Кичево. Струшкото обвинителство пак ќе добие раководител.

Од Академијата за судии и јавни обвинители излегоа 37 кандидати, од нив 19 обвинители, 18 судии.

Според проценките, во обвинителствата недостасуваат седумдесетина луѓе за ефикасно функционирање. Ф.Ф.С.

Поврзани новости