Советот утре ќе одлучува за обвинителите во СЈО, тие не може да имаат подолг мандат од Јанева

by Фокус

Откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера беше разрешена од функцијата по притворувањето во случајот „Рекет“, Советот на јавни обвинители утре ќе одлучува и за останатите јавни обвинители во СЈО.

Се очекува и нивниот мандат за заврши, од причина што законски нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка.

Инаку, Јанева беше разрешена вчера на вонредна седница на Советот, откако претходно Парламентот едногласно го усвои предлогот за нејзино разрешување.

Како што истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, таа е разрешена поради незаконско, нестручно и несовесно работење.

Одлуката за нејзино разрешување стапува веднаш на сила и ќе биде објавена во службените гласила согласно процедурата.

Поврзани новости