Советот не ги избра специјалните обвинители на Јанева

by Фокус

Седницата на Советот на јавни обвинители заврши, но седумте обвинители на специјаланта обвинителка Катица Јанева не се избрани. Точката за нивен избор воопшто не била ставена на дневен ред, иако имало предлог на еден од членовите. При гласањето на 11-те членови на Советот дали изборот на специјалните обвинители да се најде на дневен ред односот или 6:5 во полза на тие кои не сакале одново да се зборува за специјалното обвинителство и да се изберат уште седум обвинители.

Во коментарите на некои од членовите кои биле протв точката било забележано дека Советот не смее да се доведе во ситуација одново да гласа за истите седум кандидати, уште повеќе што Советот проценил дека на Јанева нема да и требаат 14, туку само седум обвинители. Со таквиот однос Советот не го почитува Законот за специјално обвинителство изглаан од сите партии во парламентот.

Иако вчера беше ден за консултации, сепак како ништо да не се договорило. Можно е дебаклот на преговорите за преодна влада да имало одредено влијание и врз членовите во Советот на обвинители. Едноставно вака на две полиња е блокиран договорот од Пржино. Ниту се почитува Законот за специјално обвинителство за да и се даде шанса на Јанева да проработи, ниту пак се испочитува рокот да се изберат министри на опозицијата и да се формира Анкетната комисија за прислушувањето.

Поврзани новости