Советот на министри на ЕУ ќе бара истрага за содржината на „бомбите“

by Фокус 19:20
19:20

Советот на министри на Европската унија во вторник на своето заседание ќе побара одговорност од сите политички фактори во земјата, но и ќе ја потецира потребата од истрага за содржината на телефонските разговори кои ги објавува опозицијата. Ова стои во денешниот нацрт-заклуч на Советот, кој во вторник ќе испрати порака до македонските политички субјекти дека наскоро ќе се наврати на оваа тема, со очекување дека политичката состојба ќе се подобри.

Советот на министри на заседанието во вторник ќе изрази и загриженост за политичката криза во Македонија, а ова доаѓа откако беа исратени предупредување дека Македонија би можела да ја изгуби препораката за почеток на преговори. Следниот извештај за напредокот на државата ќе биде објавен во октомври и тогаш ќе се знае дали Македонија ќе ја задржи препораката.

- Advertisements -

Поврзани новости