Советот на јавни обвинители денеска ќе го разгледува извештајот на СЈО

by Фокус

Советот на јавни обвинители  денеска ќе го разгледува шестмесечниот извештај за досега сработеното од страна на Специјалното јавно обвинителство.

На седницата е поканета и обвинителката Катица Јанева, но од СЈO велат дека таа нема да присуствува, бидејќи, ниту има законска обврска за такво нешто, ниту пак, било кој шеф на обвинителството на Репбулика Македонија досега бил повикуван да реферира при поднесување вакви извештаи.

Седницата на Советот на јавни обвинители беше најавена завчера и на неа ќе се разгледува и спорот меѓу Зврлевски и Јанева за неколку предмети кои Јавното обвинителство на РМ одбива да ги даде на Специјалното обвинителство.

Поврзани новости