Советниците од СДСМ во Гази Баба бараат оставка од градоначалникот

by Фокус

Советниците од СДСМ во општина Гази Баба денеска побараа градоначалникот, Тони Трајковски, да си поднесе оставка поради обелоденувањето дека тој ги спроведувал наредбите на Груевски и Јанакиески за рушење на зградата „Космос“.

-Објавувањето на случајот ТНТ на независната институција СЈО, потврди дека рушењето на Космос, нарачано од Никола Груевски и Миле Јанакиески, е реализирано од градоначалникот Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста е згрозена од незаконското и криминално работење на аболицираниот градоначалник Тони Трајковски. Бараме тој веднаш да си поднесе оставка. Човек што учествувал во криминални активности не може да ја води општина Гази Баба, рече Дарио Николовски, советник и координатор на советничката група на СДСМ во Гази Баба.

Советниците од СДСМ побараа од Трајковски да побара повлекување на аболицијата од Ѓорге Иванов за институциите да можат да спроведат законска постапка.

Поврзани новости