Советник од Народна премина во ДПМНЕ, Заев го загуби мнозинството во струмичкиот совет

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ го презеде мнозинството во советот на општина Сртрумица, откако ја своја страна го придоби советникот од ВМРО-Народна партија, Мето Витанов, соопшти денеска Зоран Пакетов од ДПМНЕ.

-Итно да се свика седница на која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на Советот. Ќе побараме избор на нов градиначалник, зашто Зоран Заев нема легитимет, не е веќе власт во Струмица. Ова е нов почеток за Струмица, почнува транспарентно и отчетно работење – рече Пакетов.

Досега, во струмичкиот совет СДСМ контролираше 12 места, а ВМРО 11 места, па со трансферот на советникот од НП сега мнозинството од еден советник премина кај ДПМНЕ.

Поврзани новости