Советник на Макрон најавува дека Франција може да ја тргне блокадата за Македонија и Албанија

by Фокус 14:04
14:04

Франција може да се откаже од блокадата за Македонија и Албанија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, изјави Клемент Боне, советник на францускиот претседател Емануел Макрон.

-Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, Франција сака повеќе да се фокусира на истокот. После Брегзит, повеќе од било кога е важно да се надминат разликите внатре во унијата и да се фокусираме на она што не поврзува – изјавил Боне за германски Франкфуртер алгемајне цајтунг.

- Advertising -
"

Тој додал дека Македонија и Албанија нема да имаат посебен третман, притоа оценувајќи дека Париз сака да поттикне стабилност во регионот.

 

Поврзани новости