Советничката во Центар, Елена Петковска од ДПМНЕ станува нов координатор за правни работи во МЕПСО со плата од 42.000 денари

by Fokus

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

Советничката во Центар, Елена Петковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која седна на советничкото столче пред две години наместо Даниела Рангелова, која стана пратеничка во македонското Собрание од денеска е на ново работно место како координатор на директорот за правни работи во електроенергетскиот систем во државна сопственост -АД МЕПСО.

Според огласот, кој бил активен до 16 август, 2016 година, работниот однос се заснова на неопределено време и потребно е кандидатите да имаат работно искуство од две години, а за ова работно место платата изнесува 41.900 денари. Во огласот, исто така има објаснето колку работни часови има неделно и во колку саат и завршува работното време

oglas

Советничката од ДПМНЕ работеше и како наставничка во основното училиште „11 Октомври“ во Центар, а беше поранешна водителка во телевизијата на Бојо Андрески, АБ канал, која повеќе не постои. По две години, откако го доби советничкото место таа напредува на повисока функција како координатор за правни работи во МЕПСО. Петковска има завршено Педагошки факултет, како и постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

elena-petkovska-363041

Како и сите советници, така и Петковска во општина Центар земала 12.300 денари месечно во периодот додека ја извршува функцијата. Таа на првиот работен ден во општината ги почести своите колеги со бајадери.

„Фокус“ стапи во контакт со советничката Петковска, која ни потврди дека од денеска почнува со новото работно место.

– Точно е дека станувам координатор на директорот за правни работи во МЕПСО. Аплицирав на огласот и го добив работното место. Во меѓувреме ќе си ја извршувам и советничката функција и не гледам ништо спорно тука – истакна Петковска во изјава за „Фокус“.

Во февруари годинава, медиумите информираа дека Петковска доживеала сообраќајна несреќа во која поминала со полесни повреди.

 

 

Поврзани новости