Советничка од Град Скопје се жали до Антикорупциска што „паднала“ за пет позиции во Агенцијата за вработување

by fokus 12:13
12:13

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, во градското собрание, Слободанка Алексовска, со приговор до Комисијата за спречување на корупција бара да се врати на претходното работно место во Агенцијата за вработување, каде ја извршуваше функцијата раководител на Центарот за вработување во Скопје. Со поставувањето на нов директор во Агенцијата, Алексовска била прераспределена на пет работни позиции пониско. Според приговорот доставен до Комисијата, новата в.д. директорка на Агенцијата отворила дисциплинска постапка против неа и донела решение за суспензија.

На денешната седница антикорупционерите разгледуваа приговори на над триесет државни службеници вработени во Генералниот секретаријат на Владата, кои се пожалиле дека е покрената постапка за нивна смена. Својот приговор го темелат на член 8-а од Изборниот законик, кој забранува прекинување на работен однос во државни институции по распишување на изборите.

Комисијата отвори постапка по поднесените приговори со што во следниот период ќе побара одговор од институциите.

- Advertising -

Поврзани новости