Совет на амбасадори: Загрижени сме од најавите на Вархеји за можно одвојување на Албанија и Северна Македонија во преговорите

by Fokus

ЗдружениЕто за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ денеска преку соопштение информира дека со посебна загриженост и вчудовиденост ја примиле најавата на комесарот за проширување Оливер Вархеји за време на неговата турнеја по земјите на Западен Балкан дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија ако Северна Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања.

– Советот на Амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По оваа проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот, се посочува во соопштението.

Поврзани новости