Социјални медиуми: Поради изгасено улично осветлување нападнати 11 жени и обиени околу 70 станови во Карпош

by Fokus

Фотографии од жена која е нападната се проширија на социјалните мрежи.

Фотографиите се направени од безбедносни камери и на истите се забележуваат две лица кои влечат чанта.

Немилиот настан најверојатно се случил изминатата недела во Карпош 4.

„Комшии, само што добив инфо, па да споделам со вас како би припазувале, особено жените. Последниов период во Карпош 4 се нападнати 11 жени на влез од зграда и обиени 70 стана“, стои во пораката.

Граѓаните се револтирани што е изгасено дел од уличното осветлување, па упатија прашање до градоначалникот Стевчо Јакимовски, дали се уште општината ќе штеди струја.

„11 нападнати жени и 70 станови обиени кај нас во населба. Стевчо брат, уште ќе штедиме струја???“, стои во објавата.

Поврзани новости