Состојбата во МВР и Министерството за Социјала и Труд се враќа на состојба ноември 2015?

by Фокус

Oдлуката за супендираните решенија на Спасовски и Ременски е правосилна.

Toa значи дека според одлуката што вчера излезе во Службен весник состојбата во Министерството за внатрешни работи и труд и социјална политика треба да се врати пред изборот на Спасовски и Ременски за министри и нивните назначувања на функционери и смени во министерствата.

Вчера министерот Спасовски му пиша на премиерот Димитриев дека одлуката е незаконска и преседан, а Димитриев му одговори дека  Спасовски го прекршил Законот за влада.

Денеска во интервју за Фактор екс директорот на УБК Горан Митевски рече дека одлуката на Владата носи многу ризици:

„Ризикот од последните случувања, а посебно по поништувањето на сите одлуки и кадровски решенија од страна на Владата кои ги донесе министерот Спасовски претставува вовед во целосно нефункционирање на МВР. Во случај таквата ситуација да продолжи и понатаму тоа може да предизвика нарушување на безбедносната состојба на територијата на целата држава. Затоа, под итно, претседателот на државата треба да го свика Советот за безбедност за надминување на ваквата хаотична ситуација, со цел смирување на страстите и функционирање на правната држава“ вели Митевски.

За одлуката на Владата за поништување на сите решенија на министерот Спасовски, Митевски вели дека е неуставна.

Поврзани новости