Состојбата во Белгија се влошува: Можен е трет бран на корона вирус во земјата

by Fokus 13:03
13:03

Сите параметри на епидемиолошката ситуација во Белгија се зголемуваат, а земјата ја надминува границата од 625.000 потврдени случаи на корона вирусот, предупредија претставници на Институтот за јавно здравје на земјата.

Во исто време белгискиот премиерот Александар де Кро укажа на можноста за нов бран на пандемијата на Ковид-19, доколку граѓаните не се придржуваат до пропишаните мерки во текот на претстојните празници.

- Advertisements -

– Ако секое петто семејство покани премногу луѓе за Божиќ, Белгија во јануари ќе се соочи со огромен трет бран, истакна Де Кро.

Институтот за јавно здравје информира дека по забележаното зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот во Белгија, имало и постепено зголемување на бројот на хоспитализации, но и на смртни случаи.

Во втората недела од декември дневно се бележат просечно над 2.500 новозаразени, што е зголемување за 13 проценти во споредба со претходната недела. Во болниците низ Белгија во моментов има вкупно 2.543 пациенти со корона вирус, што е за 16 повеќе од вчера.

Од нив 544 се на интензивна нега, што е за петмина повеќе од вчера.

Од 11 до 17 декември, во просек имало 92,7 смртни случаи дневно, што е зголемување за 0,2 проценти во споредба со претходната недела.

Вкупниот број на смртни случаи во Белгија од почетокот на пандемијата достигна 18.626.

Поврзани новости