Состојбата со корона вирусот во светот до 17 часот

by Fokus

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 964.639 лицa заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 49.242, а оздравеле 203.274 луѓе.

– Од половина од човештвото е побарано да остане дома поради пандемијата на новиот корона вирус.

– Бројот на смртни случаи во Холандија се зголеми за 166 на 1.339, соопштија здравствените власти. Бројот на заразени е зголемен за осум проценти на 14.697.

– Италиjaнскиот производител на луксузни автомобили Ламборгини денеска соопшти дека почнал да произведува маски и медицински визири.

– Саудиските власти од денеска воведоа 24-часовен полициски час во Мека и Медина.

– Автоиндустријата во Романија сака да учествува во производство на опрема и медицински производи, како маски, комбинезони и средства за дезинфекција, и ќе учествува во проект за создавање на респиратор, наменет за болните од Ковид-19.

– Франција ќе национализира стратешки компании, ако е неопходно, за да ги заштити од влијанието на кризата со корона вирусот.

– Американската агенција за кризни ситуации (FEMA) нарача од Министерството за одбрана 100.000 вреќи за тела. Во САД се очекуваат меѓу 100 и 200 илјади починати од коронавирусот.

– Девет водечки европски универзитетски болници предупредија дека за две седмици ќе недостасуваат основни лекови за лекување на пациенти кои се тешко болни од Ковид-19.

Поврзани новости