Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија „Мологик“, која разви брз, десетминутен тест за откривање на корона вирусот, објави Фајненшл тајмс.
За извршување на аквизицијата, конзорциумот го формираше социјалното претпријатие „Глобал Аксес Хелт“ (ГАХ), чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија.
Членовите на ГАХ, како што е наведено, се подготвени да инвестираат над 41 милијарда долари за финансирање на аквизицијата. Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на „Мологик“.
„Пандемијата на Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравство, а особено клучната важност на пристапот до дијагностички алатки за спасување живот. Во оваа единствена трансакција, филантропските фондови и инвеститорите работат заедно за да се справат барем со дел од овој недостаток, овозможувајќи најсовремената трговска компанија да ги насочи сите свои ресурси кон решавање на еден од најитните светски проблеми со јавното здравство, рече Шон Хинтон, извршен директор на СЕДФ.