Сопствениците на викендички на Тиквешко Езеро добија забрана за нивно изнајмување

by Fokus

Сопствениците на викендички покрај Тиквешко Езеро во Кавадарци нема да можат да ги изнајмуваат истите во наредниот период, поради опасноста од ширење на корона вирусот.

Покрај вештачкото езеро кое е атрактивна излетничка локација има околу 1.000 викеднички, а кризниот штаб на општината донесе одлука да се забрани нивно изнајмување на лица од други општини, превентивно, поради ризикот на носење и ширење на опасниот вирус.

Во Кавадарци до денес се регистрирани два позитивни случаеви на корона вирус, а 69 лица се во самоизолација.

Во општината исто така има околу 100 лица, сместени во два државни карантина. Редовно се врши дезинфекција на јавните установи и станбени згради, а за време на викендот е најавена и аеро дезинфекција на градот.

Поврзани новости