Сопственикот на хотел „Арка“: Изложени сме на напади од хулигани дека сме Македонци, полицијата не реагира

by fokus

Од утрово сѐ до моментов во хотел „Арка“ трае вандалски напад од 20-ина хулигани организирани од сопственик на дивоградба која се гради во Старата скопска чаршија, Енвер Алии, вели Сашо Џиковски, сопственикот на хотелот.

Тој вели дека полицијата интервенирала неколку пати, меѓутоа, од полициска станица Бит-пазар одбивале повеќе да реагираат со образложение дека не се во можност да им ја гарантираат безбедност и телефонски им порачале да си ангажираат приватно обезбедување.

-Во моментов како заложници во хотелот сме сопствениците и персоналот, како и 30-ина странски гости на кои не можеме да им ја објасниме целата ситуација. Ова е резултат на неколку месечен напад со цел насилно затворање на хотелот и преземање на паркинг просторот, а истото е поттикнато од нашата етничка припадност, како последна македонска фамилија која оперира во Старата скопска чаршија и овој дел од градот. Објектите и опремата кои се уништуваат се сопственост на хотел Арка и за истите имаме соодветни одобренија и дозволи. Хотел Арка е еден од првите хотели со 5 ѕвезди во Скопје и годишно опслужува преку 7000 гости. На жалост во моментов насилно сме приморани да го затвориме хотелот после 14 години напорна работа. За горенаведените проблеми се известени МВР, Град Скопје, Државен градежен инспекторат и Управа за заштита на културното наследство (бидејќи паралелно се рушат објекти заштитени со Законот за Старата Скопска Чаршија), но до сега нема никаква позитивна реакција, вели директорот Џиковски во дописот до медиумите.

Видео: Независен

 

Поврзани новости