Сопственикот на „Делукс-Ауто“ ја демантира ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш не сме донирале за СДСМ

by fokus 09:39
09:39

Сопственикот на фирмата „Делукс- ауто“, Бобан Спасовски, ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, дека фирмата е донатор во изборна кампања на владејачката партија  СДСМ. Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ завчера на прес конференција изјави дека фирмата донатор на СДСМ, добила тендер од Централен регистар во износ од 8,3 милиони денари. Спасовски вели дека фирмата никогаш не донирала пари за оваа партија.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

- Advertisements -

„По бројни шпекулации во јавноста изминатиот период, сакам да објасним и да ја информирам јавноста за вистината на работењето н амојата фирма ДеЛукс – Ауто.

Имено, фирмата работи и опстојува на пазарот веќе десет години. Фирма со високо реноме за услугите што ги врши. Јас Спасовски Бобан сопственик на фирмата Де лукс-Ауто не сум член на ниту една политичка партија.

Што се однесува до донациите , Фирма Де Лукс-ауто  никогаш нема дадено донација на партијата  СДСМ, како  што се презентира во јавноста.  Износот од 12.000 денари што се споменува е попуст на дадена услуга при сервисирање на возила, што како фирма го даваме и на други општествени и стопански субјекти.

Одговорно тврдим дека на сите јавни набавки  на кои сме учествувале се единствено од економски причини  и дека други причини нема и нема да има.  Никаде немаме направено пропусти во процедурата за спроведување на јавните набавки, па затоа  ги повикувам сите надлежни институции да ја проверат исправноста на постапките каде имаме учествувано. Се со една цел да се прекинат овие инсинуации и небулози од страна на определени политички субјекти.

На тој начин, би се заштитил мојот личен интегритет како и интегритетот на моето семејство  и вработените на оваа фирма која важи за една од посериозни од оваа област во  Р.Македонија и пошироко.

Сакам да истакнам дека оваа нема да ме спречи со сите регуларни средства да продолжам да се борам на пазарот во областа во која Де лукс-ауто  има свој интерс. Професионалноста на нашите услуги ќе ја задржиме и понатаму, без разлика која политичка партија е на власт.

Со почит

Спасовски  Бобан.“

 

Поврзани новости