Сопственикот на Беса транс: Патниците беа наше семејство

by fokus

Сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу, денеска преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на загинатите во автубуската несреќа.

-Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира” напиша Хаџиу на Фејсбук.

Поврзани новости