Сопственик на локал прободен со нож откако се обидел да спречи тепачка

by fokus

Сопственик на локал на улицата „Орце Николов“ бил прободен со нож во пределот на зглобот од десната рака откако се обидел да се спречи тепачка помеѓу неколку лица, известуваат од МВР.

Лицата околу полноќ почнале со расправија и тепачка, по што заминале, но подоцна се вратиле и продолжиле со пресметката, а кога сопственикот се обидел да ги спречи, бил прободен.

На повредениот во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” му е укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Поврзани новости