Сопружниците од Кавадарци кои беа позитивни на вирусот се пуштени на домашно лекување

by Fokus

Сопружниците кои беа заболени од корона вирус од Кавадарци се пуштени на домашно лекување, откако на последните два теста биле негативни на вирусот – информираше директорот на ЈЗУ Кавадарци, Диме Коцев.

Тој појасни и дека сите лица од Кавадарци кои имале контакт со нив, најголем број од нив вработени во болницата, биле негативни на тестовите и немале симптоми на болеста, по што го поминале периодот од 14 дена во самоизолација и се вратиле на своите работни места. Невро –психијатриското одделение, каде заболената работи како доктор, повторно функционирало и се вршел прием на пациенти.

Според последните податоци од МЗ, во Кавадарци нема нови случаеви на вирусот. Поради контакт со позитивната лекарка од ЈЗУ Кавадарци, според информации од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, беа тестирани дури 67 лица. Поради контакт со нејзиниот сопруг пак, кој е функционер во ЈП Национални шуми, голем број на вработени од претпријатието исто така беа тестирани, и сместени во самоизолација.

Од Велес, четири лица вработени во Национални шуми се позитивни на вирусот, како и две лица, нивни блиски роднини. Последната бројка на заболени од Велес изнесува десет лица, но последните четири случаеви не се поврзани со случаевите од ЈП Национални шуми.

Вики Клинчарова

Поврзани новости