Сопругот на шпанската принцеза оди во затвор

by fokus

Судот во Палма де Мајорка на сопругот на шпанската принцеза Кристина, Ињаки Урдангарин, му даде рок од пет дена да почне да ја отслужува затворската казна од пет години и десет месеци.

Урдангарин, кој со шпанската принцеза Кристина има четири деца, денеска се појави пред судот за да му биде соопштено кога да почне со отслужување на затворската казна.

Шпанскиот Врховен суд вчера ја потврди пресудата на понискиот суд, кој го осуди за измама и затајување данок, но го ослободи од обвинението за фалсификување документи.

Нижиот суд во Палма де Мајорка во 2016 година го осуди Урдангарин за злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на службената положба, измама и затајување данок.

Врховниот суд ја потврди и пресудата со која принцезата Кристина беше парично казнета, бидејќи имала корист од кривичните дела кои ги извршил нејзиниот сопруг.

Поврзани новости