Сопругата на загинатиот во сообраќајката кај „Млечен“: Обвинителката ми го доуништи животот!

by fokus

Сопругата на Гоце Димитриевски, кој загина во сообраќајката кај „Млечен“, откако пред два дена поднесе преставка за судијката која му изрече условна казна на возачот, кој ја предизвикал несреќата, денеска поднесе преставка и против обвинителката која го водела случајот.

Таа обвинува дека за низа пропусти, како и дека не е направена соодветна квалификацијата на делото, односно обвинителката навела дека тоа е сторено од небрежност.

-Обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска сторила тешка дисциплинска повреда со оглед дека намерно и неоправдано направила крупна професионална грешка со тоа што не ги набавила медицинските документи за загубата на мојот плод како резултат од случената сообраќајна незгода и него внела во диспозитивот на обвинението. Наредбите за вештачење не се целосни за утврдување на видот и карактерот на повредите. Не го терети обвинетиот за кривично дело Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Обвинетиот го терети дека делото го сторил од небрежност, а делото е сторено од умисла со оглед дека на местото на незгодата умиследно презел дејствие на вртење во лево иако е забрането, има знак и две дупли линии, вели Димитриевска.

Таа предлага обвинителката да биде разрешена.

-Предметот е доставен до Советот на јавни обвинители, а откако ќе биде спроведена постапката предлагам да ја разрешат од должност обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска која што, на некој начин, ми го доуништи животот и она што ми е останато, а тоа е надежта за правда во оваа држава, во која се уште немаме независно правосудство, рече Димитриевска.

Поврзани новости