Сопругата на селекторот Мрме: Во полусвесна состојба ги добив резултатите, ми одѕвонуваат зборовите на мојот сопруг!

by fokus

Предводникот на македонската фудбалска репрезенатција Игор Ангеловски – Мрме, по победата на нашите фудбалери над Германија, во емотивно обраќање кон јавноста изјави дека победата ја посветува на својата сопруга и мајка на неговите деца,Тања.

Тој откри дека таа се борела со корона вирус, и била хоспитализирана поради сериозноста на состојбата.

-За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам- изјави Мрме.

Неговата сопруга Тања, исто така се огласи на социјалните мрежи.
Со честитки за успехот на целиот тим, но и детали за тешкиот период низ кој минувало нивното семејство, таа ја трогна јавноста.

-Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно си моето семејство… Неканет гостин кој ви го зема здивот. Се уште ми одѕунуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи.

-Каде си тргнала малечка, јас се уште не сум завршил со тебе?!
Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка, без оглед на се. Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома- објави Ангелоска.

Фотографии: Фејсбук на Тања Ангеловска и Мрме

Вики Клинчарова

Поврзани новости