Сопругата на фудбалерот Стојанче Велинов ги советува македонките: САКАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ ЗА МАЖИТЕ ДА ВЕ САКААТ ПОВЕЌЕ

by fokus 14:53
14:53

Мартина Димитрова Велинова, поранешен модел од соседна Бугарија и сопруга на фудбалерот Стојанче Велинов од ФК Брегалница, им порача на македонските жени да се потрудат да бидат посамостојни и да живеат поздрав живот, посветувајќи си повеќе внимание себеси и на своето здравје. Велинова, која што активно се занимава со фитнес и се подготвува за учество на неколку фитнес натпревари наредната година, вели дека е изненадена од тоа колку македонките им се посветени на своите сопрузи, на децата и на семејствата, и при тоа дури и забораваат да се погрижат за себе и за своето здравје, а неретко и за својот изглед. Според неа, колку повеќе една жена се сака и цени самата себе, и колку повеќе се грижи за себе, толку повеќе ќе биде сакана и од својот сопруг.

martina-2c-stojanco1

,,Веќе подолг период се занимавам со фитнес, посебно додека живеев во Бугарија, но се трудам да продолжам со мојата пасија и овде, во Македонија. Веднаш штом дојдов во Македонија, забележав дека освен во Скопје, нема некоја поголема култура за вежбање во градовите во внатрешноста, за што ми е многу жал. Се трудам да одржувам континуитет во вежбањето, со Стојанче живееме во Кочани, бидејќи тој тренира за ФК Брегалница Штип, но се обидувам на некој начин да се климатизирам и да продолжам и овде активно со фитнесот кој што ми беше примарен во Бугарија. martina-d5Сакам да им порачам на македонките да ги следат моите чекори, да си посветат повеќе време и внимание себеси, да вежбаат првично поради своето здравје, а потоа и секако поради добриот изглед. Во светот има толку многу примери дека една жена може да биде во исто време и добра мајка, сопруга, домаќинка, да изгледа атрактивно, а да има и своја кариера. Секако дека семејството треба да биде на прво место, но не треба да се потценува и самостојноста на жената, и сигурна сум дека тоа им е потребно и на македонките, да бидат што е можно посамостојни, да не зависат од никого финансиски, посебно не од своите сопрузи. Оти таа зависност не е добра за никого, и во Бугарија веќе одамна проработи женската свест, па се повеќе жени стануваат дури и поуспешни од своите сопрузи. Затоа и јас не сакам да бидам препознавана само како нечија сопруга, туку се трудам да си го градам мојот сопствен идентитет со помош на моите квалитети, во случајов – вежбањето,, – раскажува за ,,Фокус,, Мартина. Таа додава дека уште од сега била преокупирана со подготовките со свадбата, која што ќе се случела во месец мај, а потоа заедно со својот инструктор ќе започнела со понапорни тренинзи и ќе земела учество на неколку фитнес натпревари.

- Advertisements -

thumbnail_martina-d7

,,Нема да ги откривам деталите за нашата свадбена забава, бидејќи сакаме да биде изненадување, и нема да биде стандардна македонска или бугарска свадба. Сакаме да направиме еден посебен настан, затоа и овој период си дозволив пауза од напорните тренинзи, бидејќи имам обврски околу деталното планирање на настанот. Но дури и да не стигнам да отидам во теретана, јас вежбам во домашни услови. Тоа може да си го дозволи секоја жена, и не треба да се наоѓаат изговори дека се нема време. Исто така, и здравиот начин на исхрана, посебно во Македонија каде што изобилува со овошје и зеленчук по пристапни цени, не треба да биде нешто страно, туку сите треба да го практикуваат. Нема значение дали жената одамна е омажена, со деца, не треба никогаш да се опушта и да заборава на себе. Затоа македонки, спортувајте, хранете се здраво, потрудете се да ги остварите вашите амбиции, и сигурно ќе бидете многу посреќни,, – порача Мартина, која што во минатото учествуваше на многу избори за убавина во Бугарија, но исто така се има појавено и во голем број на музички спотови на бугарски пејачи. Со Стојанче, кој што пред Брегалница беше дел од ФК Силекс се запознале преку социјалната мрежа Фејсбук, и по шест месеци врска тој ја запроси на стадион, пред натпревар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости