Сопругата на Бени Шаќири до Месила Дода: Немаш право да зборуваш во име на Албанците во Македонија!

by fokus

Лиса Баута Шаќири, правник и сопруга на популарниот музичар Бени Шаќири реагираше на својот Фејсбук профил, откако албанската пратеничка Месила Дода се најде во центарот на вниманието со своите изјави дека Македонија е стара албанска покраина и се вика Илирида.

„Да ја потсетам госпоѓата Дода дека во Македонија никој не гласал за неа и затоа нема право да зборува во име на Албанците во Македонија!

Исто така, сакам да ја известам дека ние веќе одамна сме одлучиле каква држава сакаме, и дека нејзината реторика е страшно дебилна, поготово во време на политичка и меѓуетничка криза.

Ја повикувам јавно да се извини за овој дипломатски скандал! Јас се оградувам од нејзината изјава и очекувам истото да го направат и сите лидери на албанските партии во Македонија“ – порача Лиса.

Вики Клинчарова

Поврзани новости