Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа прес конеференција на која ги соопшти деталите од полициската истрага за случајот со Диме Спасов. Според истрагата, констатирано е дека возилото било управувано од Диме Спасов. Во двете сообраќајќи го напуштил местото и во потерата од полицијата не ги почитувал знаците да застане.
Министерот соопшти дека после застанувањето на Спасов од полицијата, утврдено е дека има сопатник, лицето Т.К. кое дава изјава дека возач е Д.С. и кое дава информации дека немало никакво тропање по возилото на Д.С.
Против Диме Спасов ќе бидат поднесени три прекршочни пријави за напуштање на место на сообраќајна несреќа, за непостапување по наредба на униформирани полициски службеници и неприспособување на возилото кон условите на патот.
Спасовски информираше дека се уште се преземаат дејстивија за поплаката на Диме Спасов дека го бркале Албанци од Серава.