Сопартијците на Љубе со предлог до политичарите што летуваат со родители

by Фокус

Обединети за Македонија (ОМ) предлага сите политичари да напишат состав со наслов „Како го поминав годишниот одмор“, а предлогот посебно важи за функционерите што летувале со родителите.

„Додека Македонија тоне во еноромни финансиски долгови, додека Македонија се оддалечува сѐ повеќе од Европското семејство и од НАТО, додека младите секојдневно се на аеродромите со карти во еден правец, додека Владата се задолжува миљарди евра кредити, пари што ќе ги враќа народот – актуелна тема во владините медиуми и портали се летните одмори. По повод годишните одмори ОМ ги прашуваат владините медиуми и портали : Дали знаете каде летуваат хероите на татковинската војна и нивните семејства? Дали знаете каде летува единствениот политички затвореник во Европа и лидер на ОМ со неговото семејство? Дали знаете каде летуваат социјалните семејства со своите деца? Дали знаете каде летуваат младите – 300 000 невработени млади лица?“, прашуваат од партијата на Љубе Бошкоски.

Поврзани новости