Сообраќајот со зголемен интензитет, на Табановце за влез и излез се чека 30-40 минути

by Fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На ГП Табановце чекањето за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости