Сообраќајка на мотоцикл и автомобил на патот Велес-Неготино

by fokus

Според информацијата од СВР Велес синоќа во 20.40 часот на патот Велес-Неготино, на исклучокот за Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Сузуки“ со неготински регистарски ознаки, управувано  од К.Ч.  (22) од селоТремник, Неготинско и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С. (45) од Неготино со сопатник Т.Д. (41) од Неготино.

Во незгодата немало повредени лица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Поврзани новости