Сообраќајка кај Градско, се вози по една лента наизменично

by fokus

Патот Градско-Прилеп утрово беше два часа во прекин, откако се случи сообраќајна несреќа кај место „Раец“.  Две лица се повредени и префрлени во болницата во Кавадарци.

Час и половина по сообраќајката осообраќајот започна да се одвива по една лента, наизменично,  инфомираат од АМСМ

Освен тоа, поради обилни врнежи од дожд утринава патничкиот сообраќај на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје поточно од клучката Југ е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучката Север.

Поради невремето што го зафати скопскиот регион од саботата во прекин е и сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај.

Поврзани новости