СОНК не ја исклучува можноста за генерален штрајк на наставниците

by Фокус

СОНК не ја исклучува можноста за нов генерален штрајк.  На владата и остава време до Нова година конечно да го откочи дијалогот и да најде решение за најгорливите прашања, екстерното тестирање, корекцијата на платите  и правото на штрајк.

Според претседателот на СОНК, Јаким Неделков, доколку до крајот на оваа календарска година не дојде до конкретни решенија, повторно ќе ја активираат одлуката за генерален штрајк во образованието и културата.

– Од 1 до 18 јануари кога е период на зимски распуст на учениците, уште во првата недела Советот на СОНК ќе има седница на која детално ќе разговара по однос на резултатите од преговорите и ќе донесе одлука. Нашиот став е многу јасен доколку до 31 декември СОНК по пат на преговори не дојде до задоволителни резултати тогаш ќе се активира одлуката за штрајк, која е ставена во мирување – истакна Неделков

Поврзани новости