Сончевото време ќе се задржи до вторник, од среда почнуваат врнежи и ќе опаднат температурите

by Фокус

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец, при што утринската температура ќе се движи од -1 до 7, а дневната од 22 до 29 степени, додека во Скопје дневната температура ќе достигне до 26 степени.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека сончевото и топло време ќе се задржи до вторник, a во среда ќе се зголеми облачноста и дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, со тоа што дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.

Поврзани новости