Сончево со температура до 30 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11 степени, а дневната од 22 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со утринска температура до 10 степени, а дневна температура до 29 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во следните денови продолжува периодот на сончево време со натпросечни дневни температури.

Поврзани новости