Сончево и топло за викенд, од среда пад на температурите

by fokus

Времето во земјава денеска ќе биде сончево, утрото свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 0 и 7, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со минимална температура од 5 до 26 степени.

Во наредните денови ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда 30 октомври.

Поврзани новости