Сончево и топло време со максимална температура до 31 степен

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде од 6 до 15, а максималната од 25 до 31 степен.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според УХМР, до сабота ќе преовладува сончево и топло време.

Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата.

Поврзани новости