Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи

by fokus 08:36
08:36

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено денеска и утре кога локално процесите ќе бидат и поинтензивни во форма на невреме, информираат од УХМР.

Поврзани новости