Сончево и топло време, од викендот локален дожд

by fokus 08:46
08:46

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а  дневната од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

- Advertisements -

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска температура до 16, а дневната ќе се искачи до 33-тиот степен.

Сончево и топло време ќе биде и во следните денови, а за време на викендот во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена се најавува за во понеделник кога во поголем дел од државата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за десеттина степени.

Поврзани новости