Сончево и топло време денеска, утре нова промена

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според УХМР, утре претпладне се очекува повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Локална облачност со локални врнежи ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и во четврток преку ден. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.

Поврзани новости