Сончево и студено време

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне три степени.

Како што соопштија од Управата за хидрометеоролоишки работи, во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и студено време. Минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Поврзани новости