Софи имала благи симптоми и се чувствува добро, а првите симптоми ги пријавила во средата.  Соработничка на постојаната мисија на Филипини во обединетите нации се заразила со новиот корона вирус и дипломатската мисија е затворена.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека владата ќе побара од парламентот да прогласи вонредна состојба во државата поради ширењето на новиот коронавирус. Во таа земја, бројот на заболени нагло синоќа се зголеми од седум на 23, а едно лице почина.

Белгија синоќа воведе строги мерки за борба против ковид-19. Националниот совет за безбедност синоќа одлучи затворање на училиштата и универзитетите. Сите активности, спортски, културни, фолкорни како карневалите (чести во овој дел на годината), јавни или приватни, се откажуваат. Сите ресторани, кафеани, дискотеки исто така ќе бидат затворени. Исклучок се хотелите. Во Белгија вчера беа регистирани 399 заразени лица и три смртни случаи на постари лица.

Градот Вухан, извор на заразата со новиот коронавирус регистрира втор ден по ред едноцифрен број на заболени – пријавени се само пет нови случаи, соопшти кинеската влада.

Во   Италија заразени се  15.113 а бројката на починати достигна  1.016.и Иран 10.075  заразени , а починаа  429. Кина, на повик за помош од Италија, одлучи во оваа најзагрозена европска земја од пандемијата со коронавирус да испрати голема помош во вид на медицинска опрема и апарати.

Случаи на коронавирус досега се регистрирани во 125 земји во светот.