Собраниското мнозинство не ги прифати измените на Законот за водостопанство

by fokus

Со 29 гласа „за“ и 49 гласа „против“, пратениците вечерва го отфрлија Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.

Никола Мицевски во име на предлагачите рече дека целта на измените на Законот за водостопанство е поголема контрола и изградба на системи за наводнување и заштита на системите што земјоделците сами на сопствено земјиште и со сопствени средства ги изградиле и кои немаат никаква допирна точка со Водостопанство на Република Македонија и постојните водни заедници.

Ставот на пратениците од СДСМ беше дека предложеното решение со ништо не придонесува земјоделците да добиваат повеќе вода за наводнување.

Поврзани новости