Собраниска расправа: Решен ли е проблемот со лустрацијата со укинувањето на Законот?

by fokus 14:02
14:02

По барање на пратеничката група на СДСМ, Собранието утре ќе одржи јавна расправа за процесот на лустрација. Законот за лустрација е укинат, но остануваат одлуките на Комисијата за лустрација, со што од СДСМ сметаат дека само укинувањето не е крајно решение.

-Целта на оваа јавна расправа е да потсетиме дека иако не е оставен дел од Извештајот на Прибе, лустрацијата е составен дел од итните реформски приоритети од Европската комисија. Нашата влада смета дека со тоа што го укина Законот, го реши проблемот на лустрацијата. Целта е да отвориме дискусија сега кога се пишува новиот Европски извештај, дали го решивме проблемот со лустрација или има уште многу работа, објасни за Фокус, пратеничката Лидија Димова.

За утрешната расправа на сите пратеници им е испратена анализа изготвена од Парламентарниот инситут со компаративна студија како се одвивал процесот на лустрација во другите европски држави.

Законот за лустрација беше укинат со што запре и процесот на лустрирање. Но, одлуките на Комисијата за лустрација останаа. Дел од нив потоа беа поништени како неосновани од страна на Управниот суд. Поништени беа одлуките за лустрација на главната уредничка на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, како и на пензионираниот новинар и косопственик на дневниот весник „Слободен печат“, Градимир Јовановиќ.

Поврзани новости