Собранието утре ќе распише оглас за нов јавен обвинител

by fokus

Собранието на Република Македонија утре ќе го распише огласот на кој ќе може да се пријавуваат кандидати за нов државен јавен обвинител, откако тоа место беше испразнето со разрешувањето на Марко Зврлевски.

Утре пред пратениците ќе се најдат и Законот за минимална плата и Законот за стечајните работници.

Од СДСМ упатија  апел до сите пратеници во Собранието да ги поддржат законски измени предложени за подобар живот на граѓаните.

Поврзани новости