Собранието со 86 гласа го донесе законот за следење на комуникации

by Fokus

По завршувањето на 22 седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отвори 41 седница на која на дневен ред беа законите за ОТА (Оперативно техничка агенција) и законот за следење на комуникациите.

Формирањето на ОТА беше изгласано со 87 гласа „за“ без против и воздржани, а за Законот за следење на комуникациите во второ читање гласаа 86 пратеници.

Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата за овие закони доставила повеќе забелешки помеѓу кои биле вклучени и забелешките на стручната јавност.

 

Поврзани новости