Собранието распиша конкурс за изработка на ново лого

by Fokus

Собранието на Република Македонија објави Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого), со цел законодавниот дом да добие современ, усогласен визуелен идентитет кој ќе ги рефлектира неговите вредности, мисија и визија, како и националното значење што го носи институцијата.

Во конкурсот се наведени основните насоки и критериуми за изработка на логото.

Дизајнот треба да биде оригинален, досега неупотребуван и авторски заштитен, при што се бара авторот да гарантира дека неговото решение нема да ги повредува правата на интелектуална сопственост на трети страни.

Секој заинтересиран учесник може да достави најмногу три идејни решенија.

Поврзани новости