412
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево ја отвори точката за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. По повикот од спикерот, Зврлевски веднаш влезе во салата.
Потоа следуваше масовно пријавување за збор од сите пратеници од сите десет пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупно за збор се пријавија 73 пратеници.
По ова, Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.