Собранието одговори, на потег е Иванов

by fokus

Собранието официјално го извести претседателот Ѓорге Иванов, дека Никола Груевски не успеа да поднесе предлог состав за нова Влада во предвидениот законски рок, информираа за САКАМДАКАЖАМ.МК од собраниската служба.

Претходно, од кабинетот на Иванов рекоа дека се додека не добија официјално известување од страна на Собраието, не знаат да кажат кога Груевски ќе го врати мандатот кај претседателот. А после тоа, рекоа дека Иванов ќе почне со консултации со надлежните институции и со политичките партии.

Претходно денеска, лидерот на СДСМ, Зоран Заев го повика претседателот да му го врачи мантадот за состав на влада, бидејќи, како што рече, сите други опции ќе значат кршење на Уставот.

Поврзани новости