Собранието одби да расправа за амнестија за 27 април

by fokus

Парламентарното мнозинство не го прифати барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, дневниот ред на вчерашната собраниска седница да биде дополнет со нивниот предлог-закон за амнестија на лицата обвинети, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април.

-Со поддршката за законот власта ќе покаже дека намерата е навистина да се работи во насока на помирување, а сѐ друго би било политикантство, рече Мицевски.

Пратениците со 50 гласа против го одбија предлогот.

Поврзани новости